Terms of service

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Добредојдовте на www.monkdolls.com. Со пристапување, прегледување или користење на оваа веб-страница, вие се согласувате со следните услови за користење. Ве молиме внимателно прочитајте ги пред да ја користите услугата.


1. Општи одредби

Овие услови ги регулираат односите помеѓу Monkdolls (во понатамошниот текст: „Продавницата“) и корисниците на нашата веб-страница www.monkdolls.com . Со користење на веб-страницата, корисникот изјавува дека ги прифаќа овие услови во целост.


2. Производи и нарачки

Сите производи прикажани на страницата се опишани со најголема можна точност. Сепак, може да дојде до мали отстапувања во бојата, изгледот или амбалажата поради различни поставки на екранот или ажурирања на производителите.
Продавницата го задржува правото да ги менува цените, описите и достапноста на производите без претходна најава.


3. Цени и плаќање

Сите цени се изразени во македонски денари (МКД).
Плаќањето може да се изврши преку достапните методи наведени на страницата (платежна картичка).


4. Испорака

Испораката се врши низ територијата на Македонија преку овластени курирски служби.
Вообичаен рок за достава е 2–5 работни дена, во зависност од локацијата и достапноста на производот.
Подетални информации се наведени во Политиката за испорака.


5. Враќање и замена

Доколку производот е оштетен при транспорт, има фабричка грешка или е добиен во погрешна боја/модел, Продавницата ќе изврши корекција, замена или поврат на средствата.
Повеќе детали се достапни во Политиката за враќање и замена.


6. Интелектуална сопственост

Сите текстови, фотографии, логоа, графики и дизајни на оваа страница се заштитени со авторски права и се сопственост на Монкдолс.
Забрането е нивно копирање, репродукција или користење без претходна писмена согласност.


7. Лични податоци и приватност

Продавницата се обврзува дека сите лични податоци ќе се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и ќе се користат исклучиво за целите на нарачка, испорака и комуникација со клиентот.
Подетални информации се достапни во Политиката за приватност (Privacy Policy).


8. Ограничување на одговорност

Продавницата не одговара за привремени технички проблеми, задоцнувања на доставата предизвикани од трети страни, ниту за неточности кои се надвор од нејзина контрола.


9. Промени на условите

Продавницата го задржува правото да ги менува овие услови во секое време, без претходна најава. Промените стапуваат на сила од моментот на нивното објавување на веб-страницата.


10. Контакт

За прашања или коментари во врска со овие услови, контактирајте нè на:
📩 monkdolls@outlook.com